Connect with us

Други спортови

Ешли Барти го освои Австралија опен!

Ешли Барти е победничка на Австралија Опен.

Домашната тенисерка и прва тенисерка во светот во финалето ја совлада Американката Даниела Роуз Колинс со 2:0 во сетови.

Првиот сет го зема во своја корист со резултат 6:3. Во шестиот гем го доби брејкот, на крајот ја искористи првата сет топка и поведе со 1:0.

Во вториот сет 30. играч на светот имаше одлична можност да израмни. Таа имаше водство од два брејка и водеше со 1-5, но Барти возврати и израмни на 5-5.

Се отиде во тај-брејк, а австралиската тенисерка таму се снајде подобро, убедливо го доби тај-брејкот со 7:2 и дојде до голема победа.

Барти стигна до трофејот без загубен сет. Пред неа паднаа Цуренко, Бронзети, Џорџи, Анисимова, Пегула, Кис и денеска Колинс.

Финалниот дуел во машка конкуренција е закажан за утре во 9:30 часот во Род Лејвер Арената во Мелбурн, а ќе се сретнат Рафаел Надал и Данил Медведев.