Connect with us

Фудбал

Естонскиот селектор: Македонија покажа зошто е на ЕП, ЧЕСТИТКИ!

Честитки и пофалби, а денешната победа на Македонија, естонскиот селектор ја гледа како уште еден доказ зошто Макеоднија обезбеди пласман на Европското првенство во фудбал.

„Вашата репрезентација заврши одлична работа со пласманот на ЕП за што искрено сакам да и честитам. Тоа е голем успех за Македонија како земја. Но, тоа што сакам да го нагласам дека и денеска покажа зошто е на ЕП. Покажавте дека имате карактер, сите репрезентативци дадоа максимум дури и по еден таков историски натпревар каков што имавте против Грузија. Заслужена победа“ – истакна Карел Волаид на прес-конференцијата по мечот.

Македонија со 2-1 во Скопје ја победи репрезентацијата на Естонија.

Во последното коло од групата, на 18. ноември на Кипар, Македонија ќе игра против Ерменија за освојување на првото место во групата од новата сезона во Лигата на нации.