Connect with us

Ракомет

Еуфорична прослава во Скопје на победата на Вардар

Навивачите ширум државава ја прославуваат втората шампионска титула на ракометниот клуб Вардар по вечерашната победа во Келн.

Голем број граѓани се собраа на Градскиот плоштад во Скопје да го проследат дуелот, каде сега се прославува големиот успех на македонскиот ракомет.

Веднаш по завршувањето на мечот колони возила се упатија во центарот на главниот град, каде до доцна во ноќта ќе се слави големата победа на „црно-црните“.