Connect with us

Фудбал

Еуфоријата во Саудиска Арабија не стивнува по победата над Аргентина

Продолжува еуфоријата во Саудиска Арабија по историската победа над Аргентина. Во земјава е најавен државен празник. Секој играч на репрезентацијата ќе ја добие сензационалната награда од два и пол милиони долари.

„Меси, каде си? – прашањето си го поставуваа навивачите на Саудиска Арабија во еуфоријата од победата против Аргентина. Зелените соколи го превртеа двократниот светски шампион по пеналот на Лионел Меси пред паузата со два брзи гола на почетокот на вториот дел.

Прославата во главниот град Ријад започна веднаш по последниот судиски свиреж. Историскиот успех буквално ги доведе навивачите на „зелените соколи“ до екстаза.

Малкумина очекуваа дека Зелените соколи ќе ја победат Аргентина на Меси, која покрај тоа што е седумкратен освојувач на „Златната топка“, според многумина е и најголемиот фудбалер во историјата.

Во медиумскиот простор се појавија и шпекулации за лошиот настап на Меси. Како што пренесува шпански „Ас“, ѕвездата на Аргентина имала договор со Саудиска Арабија за промоција на кандидатурата на оваа земја за Светското првенство по 8 години и оттаму се вкорениле причините за поразот.