Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер прави реконструкција, заминуваат Остроушко и Шевелев

По заминувањето на Ловро Јотиќ уште двајца првотимци на Еурофарм Пелистер заминуваат од клубот, а тоа се украинците, бекот Владислав Остроушко и кружниот напаѓач Олександар Шевелев.

Остроушко беше најдобар стрелец минатата сезона во редовите на Еурофарм Пелистер, а долго време и лидер меѓу голгетерите во Лигата на шампионите. Шевелев комплетно се врати на големата сцена по повредата и исто така ја придоби довербата на Бебешко.Двајцата заминуваат како слободни ракометари бидејќи им заврши договорот и ќе се вратат во Украина, а неофицијално беа најскапо платените ракомери на Еурофарм Пелистер. Македонскиот вицешампион со овие три заминувања ќе прави реконструкција во играчкиот кадар за сезоната 2020/21, а за наредната сезона ќе имаат комплетно нова надворешна линија.

Еурофарм Пелистер не седи со скрстенир раце во однос на засилувањата, вчера го претстави Танковски, а најави дека наскоро ќе продолжи со официјализација на договори со тековните свои членови и новајлии.

Bitolanews.mk