Ракомет
Еурофарм Работник загуби од тимот на Металопластика во СЕХА ЛИГАТА
Екипата на „Еурофарм Работник“ загуби од некогашниот европски шампион Металопластика со 26:27 во дуелот од регионалната СЕХА лига.
На гостувањето во легендарната сала „Зорка“ во Шабац, каде пред 35 години се играше најдобриот клупски ракомет на светот, битолчани попуштија во завршницата. „Еурофарм Работник“ водеше со 24:23, па Металопластика даде три гола по ред, битолчани изедначија на 26:26, но примија гол од седмерец. Во последниот напад, македонскиот тим не постигна гол.
Вегар со 8 и Јотиќ со 7 голови беа најдобри кај „Еурофарм Работник“, кој сега има три победи и четири порази во СЕХА, а следниот меч го игра на 3 декември дома против ППД Загреб.