Фудбал
Еве ги првите зборови на Мурињо како тренер на Тотенхем
Коментирајќи го назначувањето на „Специјалниот“ на клупата, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, рече:
„Со Жeозе добивме еден од најуспешните тренери во фудбалот. Тој има богато искуство, може да го инспирира тимови и тактички е одличен. Жозе има освоено трофеи во секој клуб што го има водено. Веруваме дека тој ќе донесе енергија и доверба во соблекувалната“.
Самиот Португалец рече дека е среќен за оваа нова авантура.
„Јас сум воодушевен што сум дел од еден клуб со толку големо наследство и толку страствени навивачи. Квалитетот ме воодушевува и во првиот тим и во академијата. Да се работи со овие играчи е она што најмногу ме привлеч“.