Connect with us

Фудбал

Еве ја листата, кои фудбалери се најплатени во Премиер лигата, сумите се вртоглави (ФОТО)

Секоја година фудбалските клубови, оние кои што имаат пари, се одлучуваат да „фрлаат“ огромни суми на пари за своите ѕвезди со цел да ги задржат во составот. Сумите навистина се неверојатни, на годишно ниво милионски.

Па, така англиски „Сан“ подготви листа од најплатени фудбалери во англиската Премиер лига. Според таа листа, најплатен фудбалер во моментов е играчот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн со 425 илјади фунти неделна плата, или 1,7 милиони фунти месечно, а на годишно ниво таа плата изнесува 20,4 милиони фунти, или претворено во евра, тоа е нешто над 23 милиони евра годишна плата.

Втор на листата е уште еден играч на Сити, Ерлинг Халанд со 402 илјади фунти неделна плата. Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа е трет со идентична плата на онаа на Халанд.