Фудбал
Еве каде ќе се игра италијанскиот Супер куп. Одлична вест и за жени!
Финалето од Суперкупот на Италија 2019 година меѓу Јувентус и Лацио ќе се одигра во Саудиска Арабија, Ријад, на 22 декември од 17:45 часот по локално. Со ова Серија А треба да направи измени во календарот за натпревари. Ова значи одложување на 17. коло од италијанското првенство, односно она што претходи на Божиќната пауза. Претставници на лигата и двајца официјални претставници на клубовите веќе отпатувале во Арабија на увид, за да ги погледнат внимателно хотелите и камповите за тренинг.
Последното финале од италијанскиот Суперкуп се играше во Џеда, сега следната арапска земја што ќе биде домаќин на натпреварот е Саудиска Арабија, а ќе се игра на стадионот на универзитетот „Кинг Сенд“, со капацитет од 25.000 места. Преносот на натпреварот ќе во врши Раи 1. За прв пат нема да има родови бариери на стадионот. До минатата година беше забрането за жените да гледаат спортски настани директно. Сега, за среќа, се презема уште еден чекор. Жените ќе имаат пристап до секој сектор на стадионот. Покрај тоа, странските жени кои влегуваат во земјата нема да мора да ја носат традиционалната шамија.