Connect with us

Фудбал

Еве кој ќе биде тренерот на Милан за следната сезона

Според „Мундо Депортиво“, Марселино Гарсија Торал ќе биде нов тренер на Милан за сезоната 2020-2021.

Поранешниот тренер на Виљареал и Валенсија беше контактиран пред еден месец од спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, претставувајќи го проектот на клубот.

Одлуката да се потпише Марселино за нов тренер следната сезона ја поддржа и Звонимир Бобан. Шпанскиот стратег прими неколку понуди во последните неколку недели, но наводно, веќе бил договорен со Милан.