Connect with us

Фудбал

Еве што барал Чави да биде тренер, а Барселона одбила

Како што пишува „Кадена Сер“, Чави Ернандес поставил осум услови за да се врати во Барселона, но како тренер. Овие услови ги соопштил на средбата спортскиот директор Ерик Абидал пред еден месец во Доха, непосредно пред Кике Сетиен да биде договорен.

Најважните биле, договорот да важи од јуни, потоа да има целосна контрола врз спортско-техничкичката власт во клубот, да го има на располагање поранешниот соиграч Карлес Пујол. Не сакал никој да му се меша во работата и настојувал тој да го има главниот збор односно исклучиво сам да одлучува за новите засилувања, стартнииот состав, развојот на „Ла Масиа“.

Воедно барал промени во медицинскиот тим, како и ангажирање на Жорди Кројф, Жоан Вила како и неговиот брат Оскар Ернандес.

Барселона не ги прифатила условите, па за тренер бил назначен Кике Сетиен.