Фудбал
Еве што кажа Рамос на своите соиграчи по вториот гол на Сити
По првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите, Реал се наоѓа во тешка ситуација. „Кралевите“ загуби со 2:1 од Манчестер Сити пред своите навивачи, а пласманот помеѓу најдобрите осум ќе го бараат во Англија.
Реал го отвори резултатот со голот на Иско, а потоа гостите постигна два гола за само пет минути. Габриел Жесус најпрво постигна гол по контроверзниот дуел со Серхио Рамос, а потоа Кевин Де Брујн постигна гол за победа од пенал.
„Луѓе, ние го загубивме натпреварот за пет минути“, викаше Рамос на соиграчите по вториот гол. Неколку минути подоцна, тој ја запре големата шанса на гостите и доби црвен картон, а тоа значи дека ќе го пропушти повратниот натпревар во Англија.