Фудбал
Еве со кого е во група Македонија на Европското првенство
Македонија во својот дебитантски настап на едно ЕП ќе игра во групата Ц, а противници се Холандија, Украина и Австрија.
Групите беа извлечени пред еден месец, а се чекаше разврската само во Лигата на нации. ЕП ќе се одигра следната година, во 12 европски градови од 12-ти јуни до 12-ти јули.
Македонија вечерва славеше ГОЛЕМА победа над Грузија со што обезбедивме учество на Европското првенство.