Connect with us

Фудбал

Еве зошто е откажано големото дерби, хаос пред стадионот, нападнат автобусот со фудбалери (ВИДЕО)

Големото дерби на Франција, Олимпик Марсеј – Олимпик Лион, беше откажано поради хаос надвор од стадионот и напад на автобус со гостински играчи и стручен штаб. Во тоа хулиганско дивеење, најлошото го доживеа тренерот на гостите, славниот Италијанец Фабио Гросо (45), на кој мораше веднаш да му се помогне. Откако го сошиле и му ја преврзале главата, тој одржал говор пред тимот во соблекувалната, а фотографии објавил француски „Л’екип“.

Искршени стаклата на автобусот, парчиња завршиле во лицето на Гросо. Иако некои од неговите играчи сакаа да излезат на теренот, дел од тимот остана во шок поради дивјачкиот напад.