Фудбал
Еве зошто пропаднал трансферот на Герет Бејл
Иако Џонатан Барнет (агент на фудбалерот) демантираше дека се преговарало, сепак „Тајмс“ тврди дека Даниел Леви патувал во Мадрид и се обидел со сите сили да ги убеди Реал Мадрид и Герет Бејл да се врати во Тотенхем.
Но, колку трансферот бил блиску до реализација. Според најновите информации, многу далеку. Причина? Герет Бејл не сакал да се откаже ниту еден цент од своите огромни примања, а има договор со Реал Мадрид до 2022-та година.
Тој во Реал има 35 милиони годишно, Тотенхем имал предлог на „Кралевите“ да плати 50 милиони, на Бејл 15 по сезона, а дел од парите за трансферот Реал Мадрид да ги проследи на фудбалерот како надоместок за она што би го загубил до крајот на договорот.
Тоа значи дека Тотенхем би вложил 70 милиони евра, Реал Мадрид би заштедил на плати, нешто би му останало од обештетување, Бејл финансиски не би загубил ништо, но не сакал да се врати во клубот. Со ова Тотенхем се откажува од сите намери за негов ангажман.