Connect with us

Фудбал

Евертон е тешко оштетен, а изјавата на Лампард за тоа одекнува во Англија (ВИДЕО)

Манчестер Сити синоќа славеше на гостувањето кај Евертон со 0:1 во 27.коло од Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол во 82. минута беше Фоден, но натпреварот го одбележа и неверојатна судиска грешка.

На три минути до крајот на контроверзната одлука на главниот судија Тирни. Топката очигледно го погоди Родри во раката, а Тирни дури користеше ВАР за да ја погледне и на шок на сите не досуди пенал за Евертон.

Впрочем, свој коментар даде и тренерот на Евертон, Френк Лампард, кој беше краток и јасен.

„И мојата тригодишна ќерка знае дека тоа беше пенал“, изјави легендарниот Англичанец.

Сити остана прв на табелата и има 66 бодови, додека Евертон е само на 17. позиција со 22 бода и се бори да остане во лигата.