Connect with us

Фудбал

Евертон е во преговори со Џејмс Тарковски

Евертон започна преговори за привлекување на дефанзивецот Џејмс Тарковски . На 29-годишниот централен дефанзивец му истекува договорот со неговиот поранешен клуб Барнли и тој може да потпише со „Карамелите“ како слободен играч. Клубот веќе стапил во контакт со играчот и во тек се преговори за негово привлекување на Гудисон Парк, откри новинарот Рајан Тејлор.

“Моментално нема разговори меѓу Бешикташ и Барнли за Вун Вегхорст, и покрај сите шпекулации на оваа тема. Се очекува Холанѓанецот да си замине на лето, но тоа се уште не е на дневен ред. Во исто време, Евертон се надева дека ќе привлече Џејмс Тарковски со бесплатен трансфер откако веќе достави официјална понуда до фудбалерот“, откри Тејлор.