Connect with us

Фудбал

Евертон го официјализира Анчелоти, Италијанец покриен со злато!

Повеќе нема сомнежи, бидејќи сè е официјално. Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на Евертон. Клубот излезе со официјално соопштение, претставувајќи го новиот тренер.

„Дон Карло“ е покриен со злато бидејќи потпишува договор за четири и пол години. Италијанецот ќе заработи 11,5 милиони фунти сезонава, надминувајќи го Јирген Клоп. Анчелоти денеска ќе биде присутен во „Гудисон парк“ за одблизу да го следи натпреварот помеѓу Евертон и Арсенал.