Фудбал
Евертон го отпушти Сем Алардис
Раководството на тимот од Гудисон Парк одлучи да ја прекине соработката со Сем Алардис по само седум месеци и да почне да бара нов менаџер.
“Ние сме благодарни на Сем за сето она што тој го направи за клубот во изминатите седум месеци. Тој беше донесен за да го стабилизира тимот, но решивме да ангажираме друг менаџер во текот на летото”, изјавиа од клубот.
Евертон минатата сезона заврши на осмото место со 49 поени, што е навистина одлична позиција, бидејќи имаа очаен старт.