Connect with us

Фудбал

Евертон изгуби одбранбен играч

Дефанзивецот на Евертон, Бен Годфри, ќе отсуствува речиси три месеци откако беше опериран на фрактурата заработена во пресметката на „Тофите“ со Челзи викендов, објавија од клубот. 24-годишниот фудбалер бил насилно заменет и веднаш бил примен во медицинска установа.

Бен Годфри беше успешно опериран во понеделникот“, напиша клубот на социјалните мрежи.

„Дефанзивецот ќе оди на рехабилитација и ќе биде згрижен од медицинскиот персонал на Евертон. Очекуваме тој да биде надвор од терените речиси три месеци“.

Јери Мина, од друга страна, направи истегнување во второто полувреме од натпреварот кој Евертон го загуби со 1-0 во саботата навечер. Ќе се консултира со специјалист, по што ќе започне со лекување.