Connect with us

Фудбал

Евертон ќе добие 200 милиони фунти за правата за името на новиот стадион

Евертон ќе добие нов стадион, а тие веќе ги продадоа правата на неговото име.

Од сезоната 2023/2024, Евертон ќе го напушти „Гудисон Парк“ и ќе се пресели на 500 милиони фунти вредниот „Брамли-Мур Док“, но иако тие ќе играат на овој стадион за три години, тие веќе ги продадоа правата на името на стадионот.

Тие ги откупи рускиот милијардер Алишер Усманов, стадионот ќе го носи името на неговата компанија УСМ, а за 10-годишен договор Евертон ќе собере 200 милиони фунти.

Усманов веќе плати 30 милиони фунти за да стане главен спонзор на стадионот и очигледно екипата од Ливерпул направи фантастичен потег со оваа зделка.

Капацитетот на стадионот ќе биде 62.000 гледачи, а клубот најави дека со преселба на овој стадион, цените на билетите ќе бидат малку повисоки отколку што се во моментов.