Фудбал
Евертон потпиша со англиски репрезентативец
Англискиот репрезентативец Конор Коади му се приклучи на Евертон како позајмен од Вулверхемптон и ќе ја мине целата сезона на Гудисон Парк, соопштија од тимот. Дефанзивецот играше седум години за „волците“ и дури беше капитен во последните четири.
“Среќен сум поради овој трансфер. Штом дознав дека ме посакуваат Френк Лампард и овој фудбалски клуб, веднаш дадов согласност за трансферот. Исклучително сум среќен. Пораснав во овој град и тоа беше сон за мене Во моето семејство и меѓу пријателите имам големи навивачи на Евертон“, изјави тој во интервју за клупската веб-страница.
Коди беше потпишан од Вулвс во 2015 година од Хадерсфилд како играч од средниот ред и играше како централен дефанзивец под водство на Нуно Еспирито Санто. Има 317 настапи за тимот во сите натпреварувања како и 10 настапи за националниот тим.