Connect with us

Фудбал

Евертон стапи во преговори со Шахтјор за украинскиот интернационалец

Евертон стапи во преговори со Шахтјор Доњецк за украинскиот талент Михаило Мудрик. „Карамелите“ понудија 30 милиони евра за 21-годишниот офанзивец, но понудата беше одбиена од Шахтјор.

Се очекува Евертон да ја подобри понудата за талентираниот фудбалер. Во случај на евентуален трансфер на Мудрик, тој ќе стане вториот украински фудбалер во составот на Евертон по Виталиј Миколенко.

Михаило Мудрик е производ на школата на Шахтјор, а минатата сезона се истакна со 2 гола и 6 асистенции на 11 натпревари.