Connect with us

Други спортови

Еволуирав поради Ѓоковиќ, беше непобедлив

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, пред почетокот на Австралија опен зборуваше за тоа како Србинот Новак Ѓоковиќ влијаел на неговата кариера. Федерер, кој ја брани титулата на првиот грен-слем турнир Австралија опен, кој стартува на 14 јануари зборуваше за своите противници паи за светскиот тениски рекет број еден.

  • Ѓоковиќ постојано ми поставуваше нови предизвици. Играв против него кога беше на самиот врв, кога практично беше непобедлив. За мене беше многу важно неговата добра игра да не ме фрустрира, можеби тоа се случуваше понекогаш, изјави Федерер.

Роже покрај тоа што го пофали најдобриот тенисер во светот, имаше одлични зборови и за неговиот најголем конкурент Шпанецот Рафаел Надал.

  • Двајцата играме напаѓачки тенис, така што имаме одиграно многу агресивни поени и тоа е она што ми се допадна за време на нашите натпревари. Ѓоковиќ е еден од играчите кои ме натера да еволуирам во својата игра, како што тоа го направија Надал и Лејтон Хјуит, откри Швајцарецот.

Еден од најдобрите тенисери во историјата моментно има освоено 99. титули во кариетрата од кои 20 грен-слем. Само на Австралија опен беше победник шест пати.

  • Тоа што имама освоено 99. титули само по себе е неверојатно и можам да кажам дека сум среќен со тоа што го имам остварено во кариерата. Ако се случи да ја освојам 100. титула, односно да ја одбранам титулата на Австралија опен ќе бидам пресреќен, заврши Федерер.
Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com