Connect with us

Фудбал

Евроголот на Ракитиќ и доцниот гол на Окампос за непроспиената ноќ на навивачите на Атлетико Мадрид

Севиља и Атлетико Мадрид го одиграа дербито од 18. коло на шпанската Примера, а на крајот домаќинот славеше со 2:1.

Домаќинот поведе уште во седмата минута. Рекик му додаде на Иван Ракитиќ, а тој од триесетина метри постави бомба на голот на Јан Облак. Словенецот немаше шанса и беше 1:0.

Во 33. минута гостите израмнија, а по корнер погоди Фелипе.

Следната прилика се чекаше до 54. минута, но Иван Ракитиќ шутираше непрецизно. Феликс шутира добро кон голот, но неговиот удар е уште подобро блокиран од страна на еден противнички играч.

И кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Дилејни по еден корнер ја погоди пречката, топката се одби, а Лукас Окампос во 88. минута погоди за големи три бода на Севиља.

Атлетико Мадрид повторно можеше да израмни, но навистина немаше среќа. Жоао Феликс во петтата минута од судиското надополнување упати топовски удар, но неговиот удар беше изблокиран од Боно.

Тимот од Андалузија на тој начин се вклучи во борбата за титулата со Реал Мадрид, со оглед на тоа што сега кралевите заостануваат пет бода, а останатите се на табла, додека со 29 Атлетико Мадрид е на петтото место.

За три дена Севиља ќе ја пречека Барселона во преостанатиот натпревар од 4.коло, а Атлетико гостува кај Гранада за да го надополни мечот од 9.коло. Потоа следи мини пауза.

Севиља на 3 јануари во 19. коло ќе игра против Кадиз, а ден претходно Атлетико Мадрид ќе го пречека Рајо Ваљекано.