Connect with us

Кошарка

Евролигата и Еврокупот нема да се играат?

Сите индикации наведуваат на тоа дека кошаркарската сезоната во Евролигата и Еврокупот нема да продолжат.

На денешната средба првиот човек на Евролигата, Жорди Бертомеу предложи суспензија на сезоната, а главната причина за тоа е стравот од голем број повреди на играчите во случај на продолжување.

Фудбалерите порачаа пред неколку дена дека не се за продолжение, а последниот збор ќе го дадат 11 клубови со А лиценца.

Тоа се Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Залгирис, Армани, Макаби Тел Авив, ЦСКА Москва, Фенербахче, Ефес, Олимпијакос и Панатинаикос.

Во Евролигата, регуларниот дел од натпреварувањето сè уште не заврши, а во случај на пауза, најоштетен е Ефес, кој имаше резултат 24: 4. Во Еврокупот требаше да се игра четвртфиналето.