Connect with us

Кошарка

Евролигата смисли оригинален план за завршување на натпреварувањето

Ако може да му се верува на шпанскиот весник „Ел Паис“, кошаркарска сезона во Евролигата ќе заврши на вистински оригинален начин.

Лидерите на Евролигата планираат да ја завршат сезоната, или преостанатите 78 натпревари, во еден град. Единствениот услов е градот да има две модерни арени.

На сите тимови ќе им бидат дадени две седмици за да ги комплетираат мини подготовките пред продолжување на натпреварувањето, а сезоната би завршила за пет недели.

Тренерите, играчите и персоналот на тимот би требало да се пријават во клубовите во најкус можен рок, да ги поминат првите 14 дена во самоизолација, а потоа да започнат со двонеделни подготовки.

„Ел Паис“ ги наведе Истанбул, Атина и Москва како градови-кандидатки за организација на крајот на сезоната.

Останува да се види дали Евролигата ќе може да ги убеди клубовите до таков крај на сезоната, бидејќи крајот на пандемијата коронавирусот во европа засега не се гледа.