Connect with us

Други спортови

Европскиот кик-бокс првак дочекан со факли и песна во Скопје! (Видео)

Македонија доби уште еден европски првак, овојпат во конкуренцијата на кик-боксот. Бобанчо Илиоски успеа да го победи бугарскиот ривал Христо Калајџиев и стана првак на Европа во Анталија, Турција.

Македонскиот кик-боксер ја покори конкуренцијата, победувајќи ги Лоренц од Чешка, Манојловиќ од Хрватска и Калајџиев за трофејот на Европското првенство. По настапот во Турција, Илиоски се врати во Скопје, а на аеродромот доби дочек од своите другари, кои со факли и песна го пречекаа европскиот првак.

Facebook

Реклама