Фудбал
Езекиел Гарај е замената за Пике во Барселона
Нов фудбалер на Барселона ќе стане ветеранот Езекиел Гарај. Ова следува откако Пике имаше сериозна повреда.
34-годишниот Аргентинец Гарај може да се приклучи на каталонскиот клуб како слободен агент и веднаш да дебитира во Примера. Што се однесува до Лигата на шампионите, може да биде регистриран дури за пролетните натпревари.
Пике се повреди на натпреварот од десеттото коло на шпанскиот шампионат против Атлетико Мадрид. Дефанзивецот беше заменет во 62. минута од средбата и му беше дијагностицирано истегнување на внатрешниот страничен лигамент од трет степен и повреда на предниот вкрстен лигамент на десното колено.