Други спортови
Ф1-тимот Хас им ги продолжи договорите на Магнусен и на Грожан
Шефот на Хас, Гинтер Штајнер, во пресрет на денешната тренинг-сесија во Русија соопшти дека пилотите Кевин Магнусен и Роман Грожан остануваат и следната сезона.
– Имаме потреба од сигурни, искусни пилоти да ги развиеме болидот и тимот. Оваа сезона имаме драстичен напредок во споредба со минатата година. Одлуката да ги задржиме Грожан и Магнусен беше лесна, изјави Штајнер.
Магнусен со 49 бода е на деветтата позиција во Генералниот поредок, додека Роман Грожан во моментов го зазема 14. место со 27 бода.
Следната сезона за Грожан ќе биде четврта во тимот на Хас, а за Магнусен трета.