Connect with us

Ракомет

Ф4 турнирот кога Вардар ја крена титулата е најдобриот турнир во историјата!

ЕХФ организира гласање за најдобар завршен турнир во Лигата на шампионите, а љубителите на ракометот, го избраа минатогодишниот Ф4 турнир кога Вардар ја освои итутлата европски шампион, за најдобар во историјата.

На избирачката листа имаше вкупно 16 завршници, а убедливо најмногу гласови собра ланскиот турнир, кога речиси сите го отпишаа Вардар, но со пресврт славеше против Барселона, а во финалето славеше против фаворитот Веспрем.