Connect with us

Фудбал

Фабрегас: Одлуката можеби е донесена прерано

Во Франција, веќе донесоа одлука да ги прекинат сите спортски настани до септември.

Така, сезоната во фудбалот заврши, а титулата во Лигата 1 му припадна на ПСЖ.

Многумина ја коментираа оваа одлука и мислењата секако се поделени. Некои веруваат дека одлуката е вистинската, додека други сметаат дека е донесена пребрзи и дека клубовите губат многу, пред се финансиски.

„Тоа е голема одлука и разбирам зошто е донесена на тој начин. Можеби беше донесена премногу рано, со оглед дека сите големи лиги се уште се обидуваат да продолжат да се натпреваруваат“, рече членот на Монако, Сеск Фабрегас.

Сеск Фабрегас ја воодушеви јавноста со тоа што побара од Монако да ја намали неговата платата за 30% за да не биде отпуштен ниту еден од вработените во клубот.