Connect with us

Фудбал

Фабрегас: Знам која е желбата на Меси

Многумина се прашуваат дали е време Лионел Меси да ја напушти Барселона.

Одличниот Аргентинец се поврзуваше со Интер, како и со екипите на МЛС, но засега тој е во Каталонија.

Така и ќе остане, веројатно, како што открива неговиот фудбалски другар Сеск Фабрегас.

„Честопати слушам со Меси и знам дека неговата желба е да ја заврши кариерата во Барселона“, изјави Шпанецот.

Во последно време многу се зборуваше дека Меси не е во најдобри односи со челниците на Барселона, а многу великани тоа го гледаат како шанса конечно да ја донесат аргентинската sвезда во своите редови.

Во овој контекст, најмногу се спомнуваше Интер. Во случај да замине во Италија, тој би го продолжил личното ривалство со Кристијано Роналдо, но без оглед на се, шансите да замине се минимални.