Фудбал
Фалкао е нов соиграч на македонскиот голман Димитриевски
Радамел Фалкао си најде нов клуб откако пред неколку дена го раскина договорот со турски Галатасарај, се остварија најавите и тој е нов член на шпанскиот Рајо Ваљекано.
Тој во следниот период ќе настапува за тимот на Рајо Ваљекано во шпанската Примера.
„Фалкао е нов играч на Рајо Ваљекано. Добредојде во Ваљекас“, порачаа од овој шпански тим.
Рајо Валјекано преку социјалните мрежи потврди дека 35-годишниот напаѓач потпишал за нивната екипа и ќе им помогне во борбата за опстанок.
OFICIAL | @FALCAO nuevo jugador del Rayo Vallecano.
¡Bienvenido a Vallecas! ⚡️ ? pic.twitter.com/rWYNto5JsF— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) September 4, 2021
Во својата клупска кариера играше за врвни клубови како Порто и Атлетико Мадрид со кои ги имаше најголемите успеси.
Со португалската екипа ја освои Лига Европа во сезоната 2010/11, а на врвот во истото натпреварување се искачи и со „јорганџиите“ со кои исто така дојде до титули во „Копа дел Реј“ и УЕФА Суперкупот.
Со Монако во Франција беше шампион во сезоната 2016/2017, и освојувајќи низа бројни индивидуални признанија.
Рајо Ваљекано после три кола во „Ла Лига“ има три бода и е на 10 место во генералниот пласман.