Фудбал
Фалкао ќе си замине од Галатасарај
Напаѓачот на Галатасарај беше во добра форма, па дојде суспензија, а потоа и повредата поради која пропушти осум натпревари. Колумбиецот Радамал Фалкао ги минува последните денови во турската Суперлига.
34 годишниот напаѓач одигра осум натпревари, постигна пет гола, но ретко кога одигра цел натпревар. Неговиот договор со Галатасарај истекува на во јуни 2022 година, но турските медиуми пишуваат дека до разделба ќе дојде веќе во јануари.