Тајмаут
Фанови на Хари Потер уништија фудбалско игралиште во Германија, тимот ќе игра само на гости
Навивачите на Хари Потер го уништија теренот на стадионот Фукс Парк во Германија, а локалниот петтолигаш Ајнтрахт Бамберг мораше да го одложи својот првенствен домашен натпревар и да игра само гостински натпревари до крајот на годината. На тој начин беше претекнат во рангирањето тимот кој досега водеше.
Стадионот беше изнајмен за да биде домаќин на Националното првенство во квидич, игра практикувана во книгата за фантазии на Џ. К. Роулинг.
„Имаме неверојатна сезона, никој не го очекуваше ова од нас. Оваа ситуација нема да ја користиме како изговор. Ова се, се разбира, вонредни околности, ситуацијата не е идеална. Но, ние сме целосно фокусирани. Слободните денови ги користиме за дополнителни тренинзи“, изјави тренерот на тимот.