Connect with us

Фудбал

Фановите на Милан го понижија кловновски расположениот Евра

Патрис Евра прави се што може само за да биде во центарот на фудбалското внимание. Поранешниот репрезентативец на Франција веќе подолг период не е дел од фудбалскиот свет, но се труди преку социјалните мрежи да привлечи што е можно поголемо внимание. Во последниот видеоклип го искористи дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, за да ги изнервира најверните фанови на Милан.

  • Сега се врати и насмевката. К*р играше таму Лига на шампиони, напиша Евра под фотографијата на Бонучи алудирајќи на едногодишната неуспешна авантура на репрезентативецот на Италија на “Сан Сиро”.

Седумкратниот европски клупски шампион веќе пет години не е дел од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Само неколку минути подоцна, откако беше постирана сликата, се јавија и фановите на Милан кои го потцетија Евра на 24.04.2007 година, кога Манчестер Јунајтед играше против Милан во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони. На тој натпревар Бразилецот Кака го постигна еден од најубавите погодоци во фудбалската историја откако прво го понижи Евра, кој потоа се судри со тимскиот колега Габриел Хаинце.

  • Сигурно на Евра уште му се врти во главата од потегот на Кака, гласеше коментарот на најверните фанови на Милан.