Connect with us

Кошарка

Фантастичниот Лилард ги разби Рокетс,

Беа одиграни шест натпревари во најсилната кошаркарска лига, НБА.

Најголемо внимание привлекоа Портланд Трејл Блејзерс и Хјустон Рокетс, со тоа што домашната екипа славеше победа со резултат 125:112.

Лилард беше брилијантен на овој натпревар. Тој го заврши мечот со трипл-дабл од 36 поени, 11 асистенции и 10 скокови, а имаше добра поддршка и во ЦJ Меколум, кој постигна 22 поени.

Од другата страна Расел Вестбрук, постигна 39 поени и имаше 10 скокови, но не можеше сам да стори ништо.

Бруклин Нетс го совлада Детроит Пистонс со 125:115.

Домашната екипа ја предводеше Спенсејд Динвиди со 28 поени.

Реџи Џексон постигна 23 за поразениот тим, а Дерик Роуз постигна поен помалку.

НБА:

Индијана – Чикаго 115:106 по продолжение (100-100)
Бруклин – Детроит 125:115
Њујорк – Мемфис 106:127
Сан Антонио – Јута 127:120
Портланд – Хјустон 125:112
Сакраменто – Оклахома 100:120