Connect with us

Фудбал

Фавр: Фудбалот е убав поради подароците што ги даваат другите

Борусија Дортмунд се квалификуваше за следната фаза во Лигата на шампионите, по победата од 2:1 над Славија Прага, но и пред сè по победата на Барселона над Интер.

„Ние ја завршивме нашата работа, победивме против нашите ривали. Секако, оваа победа беше поврзана со она што се случуваше во Милано, така што среќен сум“, рече Фавре.

„Сите заедно победивме, без исклучок. Беше луд натпревар во кој моравме да го победиме по секоја цена. Бевме нервозни додека бевме свесни за предизвикот на нашите ривали. Можеби да победиме дури и со 3-0 или 4-0 и на крајот да не се пласиравме во следната фаза. Како и да е, на крајот ја добивме победата и пласманот во седната фаза. Фудбалот е исто така убав поради подароците што ги даваат другите“, рече Фавр.