Connect with us

Други спортови

Федерер без игра се квалификуваше во трето коло во Париз

Швајцарецот Роџер Федерер се квалификуваше за третото коло во турнирот од серијата „Мастерс“ во Париз со награден фонд од 4.8 милиони евра.

Третиот носител на турнирот денеска нема да излезе на терен по откажувањето на противникот Милош Раониќ (Канада) поради повреда на лакот на десната рака.

Број четири, Александар Зверев (Германија) пак го елиминира Френсис Таљафоу (САД) со 6:4, 6:4. Германецот направи брејк во последниот гем на патот кон успех во првиот сет, а во вториот надмина негатива од 3:4 и по серија од три последователни гема го затвори мечот.

Осмиот носител, Џон Иснер (САД) направи 33 аса при победата над Михаил Кукушкин (Казахстан) со 6:3, 6:7 (2), 7:6 (1) за 2 часа и 18 минути игра. Во следниот круг, Иснер ќе игра против Карен Хачанов од Русија.

Број 10, Кеј Нишикори (Јапонија) се справи со домашниот претставник Адријан Манарино со 7:5, 6:4 за 88 минути поминати на теренот. Јапонецот треба да стигне до полуфиналето во Париз, за да има шанса да учествува на финалниот АТП турнир во Лондон од 11 до 18 ноември.