Connect with us

Други спортови

Федерер го освои 100-тиот трофеј во кариерата

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи Стефанос Циципас од Грција, попладнево во финалето на турнирот во Дубаи со 2-0.

За Федерер ова беше јубилеен 100-ти трофеј од АТП турнирите и осми во Дубаи.

Двата сета Швајцарецот ги доби со по 6:4.

Мечот траеше еден час и девет минути.

Наградниот фонд на престижниот турнир во Обединетите Арапски Емирати изнесуваше 2,7 милиони долари.