Поврзи се

Други спортови

Федерер: Го сонувам враќањето на „Ролан Гарос“

Првиот светски тенисер Роже Федерер кој минатата година ги пропушти сите турнири на земјена подлога, изјави дека многу сака да се врати на „Ролан Гарос“.

Дали ќе настапи на Грен слемот во Париз Швајцарецот ќе одлучи во април.

– Сонувам да се вратам на „Ролан Гарос“, но се уште не знам дали ќе учествувам. Одлуката ќе ја донесам во април по завршување на турнирот во Индијан Велс. Се зависи од тоа како ќе се чувствувам, тоа е одлуката од која ќе ми зависи цела сезона. Сега ќе се фокусирам на тврди подлоги, ама искрено се надевам да заиграм и на земја, истакна федерер.

Тој нема настапувано на Ролан Гарос од летото 2015 година кога загуби во четврт-финалето од Стан Вавринка.

ФОТО

loading...

Повеќе од Други спортови