Connect with us

Други спортови

Федерер: „Играта е малку побрза од тоа што очекував, добар почеток во Мелбурн“ (ВИДЕО)

Импресивен старт на Роџер Федерер во Мелбурн, победа над Алаж Бедене со 3-0.

Роџер Федерер уште на стартот покажа зошто е фаворит за по шести пат да стане шампион на Австралија Опен и да стигне до 20. грен слем титула на 36 годишна возраст.

Швајцарецот со импресивна игра го „скоцка“ Аљаж Бедене за 99 минути и триумфираше со 3-0 во сетови (6:3, 6:4, 6:3) во првото коло во Мелбурн.

Тој направи брејк во четвртиот гејм од првиот сет, а потоа направи уште еден брејк на стартот од вториот сет, за потоа рутински да го приврши мечот кон победа.