Други спортови
Федерер ја завршува кариерата наредната година
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роже Федерер, кој во својата кариера може да се пофали со 20 грен слем трофеи, идната година ќе му каже збогум на тенисот. Според шпекулациите тоа ќе се случи во неговиот роден град Базел на АТП турнирот кој е на програмата во октомври 2019 година.

Дел од медиумите го најавуваат крајот на кариерата на Федерер и се во исчекување на одлуката дали Швајцарецот ќе се реши по две години пауза да игра на земјени терени. Ако донесе таква одлука, тоа ќе биде сигнал дека 2019 година е последна за извонредниот Швајцарец.
Федерер веќе две години ги прескокнува турнирите на земја и парискиот грен слем „Ролан Гарос“, но ако сега се реши да игра, според медиумите, тоа ќе биде сигнал дека сака да се поздрави за последен пат со публиката на овој престижен турнир.
- Имам идеја како може сето тоа да изгледа. Ако планирањето е лежерно, мора детално да ја разгледам таа опција, истакна Федерер, не откривајќи детали околу својата пензија.
Според многумина, ако 2019 година биде последна во неговата кариера, тогаш дефинитивно последниот и проштален меч ќе го игра на турнирот во родниот Базел, каде постојано ја освојува титулата.