Други спортови
Федерер не е најдобар тенисер на сите времиња
Швајцарецот Роже Федерер не е најдобар тенисер на сите времиња, смета поранешниот светски тениски рекет број еден Романецот Илие Настасе. Федерер во својата кариера освои 20. Грен-слем титули, но Настасе смета дека не е коректно да се зборува дека Швајцарецот е најдобар играч на сите времиња.

-Не е фер да се каже дека Федерер е најдобар на сите времиња. Не е коректно заради играчите од минатото како што се Род Лејвер или Пит Сампрас. Луѓето денеска гледаат на сите спортисти. Кристијано Роналдо ќе биде најдобар за десет годни, но не сакам да го ставам во контекст дека е најдобар до сега. сите се големи шампиони и играат на највисоко ниво, истакна Настасе.
Легендарниот романски тенисер е светски број еден од 1973 година, а во кариерата освои две грен-слем титули на Ролан Гарос и САД Опен.
Федерер засега со 20 грен-слем титули е прв, а зад него се Рафаел Надал со 17 и Новак Ѓоковиќ со 14 титули.