Connect with us

Други спортови

Федерер: Не можев да замислам дека сепак ќе играм во овие години

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер направи одличен настап на завршниот Мастерс во Лондон, иако тоа не го донесе до финалето.

Федерер направи одличен подвиг во Лондон затоа што скоро четири години подоцна успеа да го совлада Новак Џоковиќ. Многумина беа убедени дека ќе го видат Федерер во финалето, но тој беше запрени од брилијантниот Стефанос Циципас во полуфиналето.

Иако има 38 години, Федерер сè уште не размислува да замине во пензија. Швајцарецот настапуваше многу добро и оваа сезона, а извесно е дека повторно ќе го гледаме следната година.

“Јас дури и не верував дека ќе играм во овие години. Јас мислам дека ќе ја завршам кариерата кога имав 35 години. Не можев да замислам да бидам уште тука на 38 или 39 години. Среќен сум што сè уште сум во игра. Морам да бидам среќен со сè“, рече Федерер.

Швајцарскиот тенисер призна дека сè уште не размислува за пензија и не знае кога ќе стави точка на својата феноменална кариера.

“Па, во тоа нема правила. Не знам дали ќе го објавам тоа наскоро, подоцна или веднаш. Сето тоа зависи од здравјето, семејството и резултатите. Сега не размислувам за пензија”, додаде Федерер.