Други спортови
Федерер: Не заслужив победа денес
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се квалификува во полуфиналето на Австралија опен по зачудувачката победа против Сандгрен.
Сандгрен беше пред сензација на овој натпревар затоа што имаше дури седум меч топки, но Федерер некако успеа да се спаси. Швајцарецот на крајот дојде до пресврт, славејќи 3-2 во сетови.
Но, по натпреварот, Федерер беше искрен и призна дека не заслужува да победи на денешниот натпревар.
„Имав многу среќа денес. Не заслужив да победам. Среќата ме погледна бидејќи немав контрола над сите седумте топки што ги имаше Сандгрен. Во претходните дуели имав среќа затоа што избегнав пораз“, изјави Федерер по натпреварот.
Швајцарскиот тенисер ќе игра во полуфиналето на Австралија опен против победникот од дуелот Ѓоковиќ-Раониќ. Јасно е дека неговиот противник ќе биде во предност со оглед на тоа што Федерер ги одигра во пет сета претходните два меча.