Connect with us

Други спортови

Федерер некако го преживеа првото коло на Вимблдон

Роџер Федерер заработи место во второто коло на Вимледон откако Адријан Манарино му го предаде мечот.

Мечот започна добро за Швајцарецот, тој го доби првиот сет со 6:4 и се чинеше дека нема да има проблеми.

Сепак, францускиот тенисер беше тежок орев во продолжението од мечот, па ги освои следните два сета. Прво израмни на 1:1 по добиениот тај-брејк 7:3.

Манарино пренесе добра игра во третиот сет. Тој направи два брејка и поведе со 6:3 со 2:1, со што ги сврте работите во негова корист.

Четвртиот сет започна со брејк топки за Французинот, тој не ги искористи, во вториот гем Федерер направи брејк. По 4:2 Манарино бараше медицински тајм аут, но стисна заби и го одигра четвртиот сет до крајот кој му припадна на Швајцарецот со 6:2.

Сепак, пред петтиот сет, Манарино не можеше да го продолжи мечот поради проблеми со коленото, па беше принуден да му се предаде на Федерер.

Легендарниот волшебник од Базел во второто коло ќе се соочи со Ричард Гаке, кој го победи Јуичи Вугита со 3:1 (7:6; 4:6; 6:2; 6:1).