Други спортови
Федерер нема да настапи на Австралија Опен
Легендарниот Швајцарец последен пат се натпреваруваше на Вимблдон во јули и сега изјави дека не е подготвен за најголемите напори.
Истакнува дека во јануари почнува лесно да трча.
„Сакав да ги спроведам деталите од прегледот пред да дадам официјална изјава и прегледите беа охрабрувачки. Почнав долг период на рехабилитација во кој вложив и душа и тело. Ситуацијата не е како во 2016 година, па морам да биди трпелив. Ќе можам да „почнам со лесно трчање во јануари, а потоа продолжувам да тренирам на теренот со комплексна поддршка во март или април. Оттука, проценувам дека би можел да се вратам на натпреварите во летото 2022 година“, Федерер кажа.
Тој признава дека сака да се врати за доброто на оние кои отсекогаш верувале во него и му давале поддршка.
„Инвестирањето сè за возврат е исто така мој начин да им се заблагодарам. Моите фанови заслужуваат повеќе од мојот последен настап на тревата“, изјави легендарниот Швајцарец.