Други спортови
Федерер откри кога се враќа на терените
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не играше на Грен Слем турнирите поради операција, но конечно соопшти добри вести за своите фанови. Федерер во февруари го оперира коленото по што одлучи да го прескокне остатокот од оваа сезона.
– Едвај чекам да се вратам на терените. Тоа треба да се случи идната недела – изјави Федерер при промоцијата на свој нов „Вилсон “рекет.
Популарниот Федекс последниот натпревар го одигра во јануари кога загуби во полуфиналето на Австралијан Опен од Новак Ѓоковиќ.